fbpx

Членството на Македонија во НАТО ù гарантира на земјава безбедност од можни закани од Русија, пристап до информации, безбедност на воздушниот простор и зачувување на територијалниот интегритет и границите. Ова се резултатите од две истражувања на Институтот за европска политика за важноста од членството на земјава во Алијанса. Истражувачот наведе дека Македонија не е имуна на глобалните опасности.

Истражувачката Иванка Велковска пак, нагласи дека членството во Алијансата обезбедува економски раст, ги поттикнува странските инвестиции и ја намалува невработеноста.

Министерката Шеќеринска најави дека земјата ќе продолжи да работи на спроведување на потребните реформи за членство во НАТО, а тоа би го забрзало и членството во ЕУ.

Со членството во НАТО, буџетот за одбрана треба да изнесува 2% од Бруто домашниот производ или 200 милиони евра.

Анеса Салиху

Shpërndaj me

Loading...