fbpx

Младите ја напуштаат својата земја заради понижувањето со кое се соочуваат кога бараат работа. На новодипломираните не им се дава пристојна понуда за работа по нивното на образование и ова е главната причина што тие се откажуваат од своето семејство и се преселуваат во западните земји. Ова е проценката на истражувањето направено од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“. Истражувачот за демографски промени во Западен Балкан, Никица Колар, рече дека во Македонија нема веќе работници кои работат за 10 евра на ден, не само работна сила, туку и канцелариски работници во приватните фирми.

„Младите претежно го напуштаат родниот град затоа што не можат да најдат работа според нивото на образование… Кога Македонија ќе стане членка на Европската Унија, многу млади ќе заминат од тука во првите две години. Ова се случи со Естонија, Словенија и Хрватска. Во Хрватска во првите пет години по членстввото мигрирале над 200 илјади луѓе, повеќето од нив млади”-рече Никица Колар, Институт за демократија „Социетас Цивилис“.

Од Институтот велат дека не само невработените ја напуштаат земјата. Јелка Клеменц вели дека корупцијата во јавните институции и мобингот од вработените во приватниот сектор се меѓу најголемите фактори кои предизвикуваат егзодус на стручниот персонал и затоа земји како Германија, Австрија и другите добиваат квалификувани вработени од Западен Балкан.

„Мислам дека мобингот на вработените е клучниот фактор што не треба да се занемарува. Овој фактор кај стручните кадри ги натера младите од регионот да се свртат кон земјите од ЕУ“-рече Јелка Клеменц, Институт за демократија „Социетас Цивилис“.

Според податоците на Светската банка, во 2018 година над 12% од населението мигрирало од Македонија. Оваа бројка е константна во последната деценија, со вкупно 2.082 луѓе кои се иселуваат годишно надвор од земјата на милион население. Нивната студија покажува дека нашата земја има најголема стапка на невработеност во регионот со 21,55%, додека просечната возраст на емиграција е 35 години.

Аднан Ќаили

Shpërndaj me

Loading...