fbpx

Во четири очи без објавување на оглас државните институции лани склучиле вкупно 368 договори во вредност од 40 милиони евра. Иако бројот на склучени договори е помал разлика од 2018 година, нивната вредност е поголема, покажува извештајот на Центарот за граѓански комуникации. Според нив загрижува фактот што 48 проценти од фирмите се изјасниле дека во јавните набавки има корупција.

„Продолжувањето на државните институции да ја користат најниската цена како критериум за избор на најповолна понуда, во 97 проценти од тендерите се користи најниската цена, и исто така во 94 проценти повторно се користи електронската аукција. Иако и двете не се задолжителни со новиот закон за јавни набавки и беа посочувани како најголеми проблеми, меѓутоа дали дека е најлесно или така полесно се манипулираат тендерите повторно се користат овие два“, рече Герман Филков-Претседател на Центар за граѓански комуникации.

За фирмите проблем е и обемната документација кој институциите ја бараат, а од друга страна просечно чекаат седум месеци за да ги наплатат средствата за веќе завршената набавка. Според извештајот зголемен е бројот на тендери кои биле објавени па се поништиле. Односно секој четврти објавен тендер бил и поништен што според Центарот за граѓански комуникации отвара сомнеж за користење на злоупотреби и манипулации.

Андреа Чобанова

 

Shpërndaj me

Loading...