fbpx

Нова студија на Лондонскиот универзитет (UCL) и лондонската школа за тропска хигиена и медицина (TSHTM) покажува дека отворањето на училиштата од септември би довело до поголемо ширење на коронавирусот, имајќи предвид дека таквиот чекор ќе доведе и до повторно отворање на целото општество и враќање на родителите на работните места.

Авторите на студијата откриваат дека со зголемување на нивото на тестирња и ефикасно следење и изолација на контактите, може да се спречи поширока епидемиска реакција.

Како што се наведува, во најлош случај, вториот бран би можело да биде 2,3 пати поголем од првиот бран.

Во студијата се претпоставува дека околу 70% од луѓето би се вратиле на работа бидејќи нивните деца ќе се вратат на училиште, со што и до 90% ќе се зголеми мешањето меѓу луѓето.

Авторите предупредуваат дека без соодветни нивоа на тестирање и следење на контактите, повторното отворање на училиштата заедно со постепено опуштање на мерките за превенција, веројатно ќе предизвика втор бран што би достигнал врв во декември 2020 година ако  училиштата се отворат со полно работно време во септември.

Како одговор на студијата, министерот за локална самоуправа Симон Кларк, за „Скај њуз“ изјавил:

„Секогаш има уште многу да се прави, ние продолжуваме да работиме напорно за да ја зголемиме нашата способност за тестирање – ние сме на добар пат да испорачаме 500.000 тестови на ден до крајот на октомври. Но, едно е јасно, училиштата ќе бидат целосно отворени во есен. За тоа нема дискусија“.

 

Shpërndaj me

Loading...