fbpx

Италијанскиот Сенат гласаше за укинување на парламентарниот имунитет на лидерот на екстремно десничарската партија Лига, Матео Салвини, со што се отвора патот за судска постапка поради случај на блокада на мигранти на море, додека тој беше член на владата.

Судот во Палермо го обвини Салвини дека ги чувал мигрантите блокирани на брод во август 2019 година во својство на министер за внатрешни работи, бидејќи  одбил да дозволи брод со повеќе од 80 мигранти да влезат во сицилијанското пристаниште.

Салвини (47) се соочува со затворска казна до 15 години, доколку биде прогласен за виновен на суд.

– Горд сум што ја бранев Италија и повторно ќе го сторија тоа. Оние што мислат дека ќе ме исплашат со судење што е политичко, се лажат, рече Салвини.

 

Shpërndaj me

Loading...