fbpx

И денеска се одржаа протести против поскапувањето на струјата. Вечерва се протестираше низ Скопје, а преку денот во други градови како Гостивар и Кичево. Во Полошко овој пат протестите се одржаа во Желино, Боговиње, Брвеница и Теарце. Демонстрантите побараа намалување на цената, распуштање на регулаторната комисија, намалување на ДДВ за струјата и простување на долговите за сиромашните семејства. Во меѓувреме, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието поднесе иницијатива за седница за, како што велат, да се открие вистината за зголемувањето на цената на струјата.

 

 

 

Shpërndaj me

Loading...