fbpx

 

Депонијата која се наоѓа на излезот од општината Арачиново и на влезот на Липково и натаму претставува опасност за локалните жители. Опожарен смет, кучиња скитници, мртви животни и многу други опасности се секојдневен проблем за жителите на селата Никуштак, Орланце и Мојанци. Тие бараат од општината и Владата да најдат решение.

“Нè отруја, нè задушија. Сто пати сме побарале, но никој не презел ништо. Ова е секојдневнo труењe, ни ги отруја децата, има кучиња скитници и ако те фатат, ќе те изедат. Таму не се фрла само отпад, туку и мртви животни.”

“Ни пречи. Мириса цело село. Оние кои бараат железо ја палат. Можат да ја тргнат депонијата, но не го прават тоа.” – велат жителите

Градоначалникот на Арачиново пак, вели дека депонијата се наоѓа на територијата на општина Липково каде градоначалник беше токму актуелниот министер за животна средина.

„Таа не е денешен проблем, трае од порано и е голем проблем за граѓаните. Секогаш се дискутирало за неа, но не е решено. Мислам дека новоизбраниот министер за екологија,Садула Дураку е запознаен со проблемот и мислам дека ќе преземе мерки за да се реши проблемот.“ – изјави Брахим Ајвази – градоначалник на Арачиново

Министерот Дураку за Алсат информираше дека собира информации за сите диви депонии низ Македонија и по подготвувањето на детален извештај на владина седница ќе побара да се најде трајно решение.

Сенат Зулбехари

Shpërndaj me

Loading...