fbpx

Стотици поплаки од наставниците и родителите поради нефункционирање на платформата на Министерството за образование. Додека во многу училишта интернетот го оневозможува пристапот до оваа платформа, во некои други, наставниците веќе ги прават првите тестови потсетувајќи ги учениците дека нивното отсуство од онлајн наставата ќе биде заведено како неоправдано отсуство од час.

„Наставничке, што ако имаме проблеми со поврзувањето на Интернет?, праша еден ученик.

„Ако имате проблем да се поврзете на Интернет ќе ми кажете мене. Освен ако вашиот родител не нè извести претходно дека од оправдани причини не сте присутни на час. Значи, ако не сте присутни на час, на пример во вторник, веднаш во дневник ќе добиете 7 неоправдани часа“, вели наставничката.

Министерката за образование, Мила Царовска признава дека има проблеми со функционирањето на платформата и оти почетокот на учебната година ќе биде придружен со технички проблеми.

СОНК бара решение за двојно зголемените часови и дополнителни кадри во случај ако биде дозволена целодневна настава во училиштата.

На 1 октомври онлајн настава треба да посетуваат учениците од училиштата кои не добија дозвола за физичко присуство во училниците. Во саботата Министерството за образование ја активираше националната платформа за учење од далечина преку веб-страницата www.schools.mk. Во неа веќе има видео-упатства, прирачници и друга содржина.

Мелихате Рустеми

Shpërndaj me

Loading...