По централните скопски булевари речиси и да не се забележуваше движење. Секако тоа е забрането поради полицискиот час, но некои граѓани сметаат дека голем дел од жителите на главниот град си заминале за продолжениот викенд во местата во кои полицискиот час трае пократко.

„Не е во ред што многу граѓани отидоа во Охрид. Таму да го видиме резултатот, а ние ќе се стрпиме“, рекоа граѓаните.

Но, на некои булевари сликата беше поинаква. Овој маркет во близина на Соборниот храм беше отворен, а инспекторка проверуваше дали има дозвола за работа.

„Во овој момент не можеме ништо да утврдиме. Кога ќе утврдиме фактичка состојба тогаш ќе Ви дадеме информации“.

– Вие сте од Инспекторат?

„Од инспекторат“…, рекоа анкетираните.

Вработените беа прилично вознемирени.

– Како функционирате? Имате дозвола за работа?

„Не можат да ти кажат затоа што не се газди. Значи треба да добиеме документи од одговорното лице па тогаш ќе констатираме дали работат со дозвола или без.“

Меѓу ретките возила по улиците, забележливи се оние на такси компаниите. Возачот со кој поразговаравме рече дека иако има малку муштерии мора да има достапен такси-превоз.

„Ние мораме да дежураме. Има луѓе на кои им е потребен превоз затоа што не работи јавниот превоз. Тука сме ние за замена“, рече еден таксист.

За разлика од центарот на градот, далеку помирно беше по булеварите во

„Аеродром“. Мртво и по парковите и другите места за опуштање. Во маалата на оваа скопска општина имаше по некој жител, но најчесто шетајќи го својот миленик.

Од тука преку Автокоманда, Железара и Бутел – во Чаир. На главниот чаирски булевар впечатливо беше дека има невообичаено густ сообраќај. Забележливо беше и засилено полициско присуство. Една сендвичарница си работеше по популарниот „шалтер систем“.

„Имаме дозвола за да правиме нарачки. Нарачките се прават по телефон. Праќаме нарачки по домовите. Имаме дозвола од Министерството, рекоа од сендвичарата.

Но, не сите муштерии нарачуваат храна. Многумина излегуваат за да купат.

„Имам дозвола за движење и тоа од МИОА, трајна дозвола. Мислам дека во глобала се почитува полицискиот час, мислам дека има ред“, вели еден граѓанин.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека во изминатово деноноќие на ниво на целата држава забраната за движење не ја почитувале 203 лица. Од нив 155 биле приведени, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Без заштитни маски полицијата регистрирала 481 граѓанин.

Алсат

Shpërndaj me

Loading...