Иако полицијата секој ден ги казнува граѓаните кои не носат маски онаму каде што е тоа задолжително, бројот на лица кои не ја почитуваат оваа мерка и понатаму е голем. Од МВР информираат дека само вчера стотици граѓани биле казнети за неносење маска.

„Во однос на мерките за неодржување лична заштита на лицето, регистрирани се 585 прекршоци“, соопштија од МВР.

Граѓаните велат дека мора да се почитува оваа мерка. Некои велат дека казната е разумна, а други пак сметаат дека се потребни построги казни.

Инаку, според официјалните статистики на полицијата, во последните 24 часа на 337 лица им биле доставени решенија за изолација, додека 62 други си потпишале самоизолација.

Мефаил Исмаили

Shpërndaj me

Loading...