fbpx

Власта и опозицијата се судрија за евентуалните промени во методологијата за проширување на ЕУ. Откако премиерот Зоран Заев ден претходно на социјалните медиуми, напиша дека новата методологија на ЕУ, може да се развива паралелно со проширувањето, од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека на земјава и се потребни вистински реформи и оти без нивно исполнување, државата не може да се надева на членство во ЕУ.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пред членовите на партијата во Струга, рече дека недобивањето датум не треба да донесе разочарување, па реформите треба да продолжат.

„Самата Европа го оцени како срамен историски чин недавањето датум на нашата земја и на Република Албанија. Самата Европа ја даде таа квалификација. Но, тука не треба да се разочаруваме затоа што продолжуваме по патот, продолжуваме со процесите, продолжуваме со реформите во земјата“-изјави Али Ахмети, ДУИ.

Симонида Кацарска, од Институтот за европска политика, коментира дека сè додека ЕУ е отворена за алтернативни опции за членство, земјата мора да работи со европски партнери за да ја убеди Франција.

Премиерот Заев на својот ФБ профил вчера напиша дека има доволно аргументи за францускиот претседател да види дека „Методологијата пред проширувањето“, може да се претвори во „Проширување заедно со промена на методологијата“.

 Мефаил Исмаили

Shpërndaj me

Loading...