Во време на корона вирусот партиите треба да водат безбедна кампања со која нема да го загрозат здравјето на граѓаните. Според комуникологот Бојан Кордалов без разлика дали кампањата е црна или бела, здравјето ќе се зачува ако се користат дигиталните алатки и традиционалните медиуми  кои имаат доверба кај граѓаните. Смета дека партиите ќе сакаат да ќарат гласови врз евро интеграциите, името, економијата и корона вирусот.

„Не се бира. Буквално кога едната политичка страна ќе каже дека sидот е бел другата веднаш зазема страна, дека sидот е црн, и се градат разликите и спротивставените ставови“-рече Бојан Кордалов, комуниколог.

Кордалов потсетува дека скоро пет месеци функционира техничка влада каде седат министри од власта и од опозицијата и затоа корона кризата не треба да биде дел од кампањата на партиите, за да не се шири страв и паника. Според невладината „Цивил“ треба да се преземат дополнителни мерки за сузбивање на црната кампања и да се спречи манипулирање со лажни вести.

„Постојат напори целата кампања да е пресели во виртуелниот простор. Тоа ќе биде едно повисоко ниво во однос на тоа како се пласираат политичките пораки до гласачите и овозможување на финансиски заштеди“-изјави Џабир Дерала, комуниколог.

Нашите соговорници посочуваат дека партиите треба да созреат и наместо говор на омраза да испратат пораки дека имаат капацитет за дијалог и дебата.

Весна Велкова

Shpërndaj me

Loading...