Проблем со кој се соочуваат поголем дел од луѓето и тоа не само оние кои имаат јавна професија, туку и сите луѓе кои имаат обврска да држат говори пред поголема група луѓе.

Што е заедничко:

Трема, потење, напад на паника, губење на гласот, моментална изолација од околината..Ова се само дел од симптомите со кои се соочуват овие луѓе.

Следат прашања кои дополнително ја поткопуваат самодовербата на говорникот – Дали е добро подготвен, да не го заборави говорот, сали ќе го задржи вниманието и сите ќе го слушаат, да не ја промашил темата, дали е истата занимлива и интересна, дали ќе му потсмеваат…

Имаат чувство дека се сосема сами на светот, разголени и немаат кому да се обратат за помош – почнува да ги напаѓа стравот.

Но, реално нема потреба од страв. Дали се зборува пред 10,100 или 10 000 луѓе – исто е. Само не треба да преовладуваат ирационалните стравови, туку повеќе да се обрне внимание на реалноста.

Што може да се случи? Апсолутно ништо. Никој ништо не може да ви направи, ниту пак да ви земе. Вие сте возрасен човек кој е одговорен пред себе.

Мислете позитивно

Секогаш помага. Ако престанете самит себе да се прекорувате и да си викате дека не чините, тогаш ќе се променат работите. Позитвниот пристап ќе ви даде сигурност.

Вежбајте, вежбајте и вежбајте

Читајте го говорот гласно, повторувајте го пре огледало, снимајте се и навикнете се на вашиот глас пред публика бидејќи никогаш не звучи исто како во обичен говор. Сето ова е со причина да се навикнете на интонацијата и да ја најдете соодветната нијанса и брзина на говор.

Организирајте се убаво

Говорот, односно презентацијата на материјата може да трае подолго. Вас, во тој случај ви треба добра организација и редослед. Имајте го запишано текот на говорот, секога знајте што ќе кажете следно и секогаш имате резервна реченица која ќе ви ‘купи’ време додека ја кажувате да се сетите на следната точка.

Правете паузи

Важно е да правите паузи додека зборувате. На тој начин ќе ја смирите мислата, ако некаде попатно го изгубивте текот да може да се вратите. Одличен начин да ја вратите концентрацијата.

 

Shpërndaj me

Loading...