Најголемото богатство на овој свет се децата. Токму затоа треба со нив внимателно да се однесуваме како кон нежен цвет кој треба да израсне и да се сврти кон сонцето. Најубавата и најтешка работа на овој свет да одгледаш дете и да го направиш човек кој еден ден ќе си го најде својот пат.

Во продолжение, 12 правила кои секој мајка треба да ги знае кога санува збор за нејзиното девојче.

Вашата шминка сега е нејзина шминка

Типчно така.Таа сега ќе сака да си игра со вашата козметика, да ве шминка вас и себе и да се забавува до бесвест. Тоа што некогаш внимателно сте го купувале и сте го нанесувале пред излегување за совршен изглед, сега нема да биде важно како играта на вашето девојче.

Кажувањето за месечниот циклус може да биде навистина непријатно и чудно

Колку и да не се чувствувате удобно во вашата кожа, ова е нешто што мора да го направите – да ја подготвите ќерката за тоа што следи. Мора да се чувствува слободна да зборува на таа тема, а подобро е тоа да биде со вас отколку со некој друг.

Светот ќе ја тера да расне многу побрзо отколку што треба

А ваша работа е да ја одржите во овој период што подолго. Целиот свој живот ќе биде возрасна, не мора да брза. Како да го направите тоа? Преку облека, шминка и забрана за мобини телефони и социјални мрежи.

Охрабрувајте ја врската со таткото

Како што вие, како мајка имате убав однос со неа, така таа има потреба да ја изгради љубовта со својот татко. Не го попречувајте тоа.

Учете ја за вредноста на парите

Ова е со цел еден ден да знае дека сама треба да заработи и оти не мора да зависи од никој друг.

Бидете внимателни како зборувате за вашето тело пред неа

Вие ќе и бидете пример во животот како треба да се однесува кон своето тело. Научете ја да го сака и да го одржува здраво и да има почит кон него.

Заштитете ја, но научете ја исто така да се бори за себе

На светот му требаат повеќе силни жени. Научете ја да се бори со сè, а кога ќе се измори, дајте и поддршка и гушнете ја.

Давајте и комплименти за другите квалитети, покрај убавината и изгледот

Мора да знае дека не е во изгледот. Затоа кажувајте и дека е паметна и забавна.

Поставете граници во вашиот живот за тоа како луѓето ве третираат

Така ќе научи како таа да се постави со луѓето.

Научете ја да ги следи своите соништа и пасии

Вие поставете пример кој таа ќе го следи. Научете ја никогаш да не се стега и секогаш да го следи срцето, да прави работи на кои ќе биде горда таа самата.

Научете ја да биде паметна кога станува збор за момчиња и мажи

Нека знае дека треба секогаш да му верува на сопствениот инстинкт и чувство.

Научете ја да има почит и милост кон другите луѓе

Никој не е подолу ниту погоре од неа. Луѓето треба да ги гледа во очи и секогаш да ги почитува нив како личности.

Секогаш нека ја гледа позитивната страна

Покажете и дека песимизмот носи само несреќа. Покажете и како да ја носи насмевката постојано.

Shpërndaj me

Loading...