Познатиот француски филозоф и математичар, Рене Дескартес во 17 вак пронашол лесно и ефективно решение за носење на тешки одлуки, кое и денес се смета за едно од најдобрите.

Се работи за методата Дексартесов квадрат, која помага ситуациите да ги согледате од различни агли, па од ново добиените перспективи да донесете одлука, колку и да е тешка.

Се што треба да направите е да одговорите на 4 прашања:

  1. Што ќе биде ако ова се случи? (Што ќе добијам јас од тоа)
  2. Што ќе биде ако ова не се случи? (Ќе остане ли се исто? Која е предноста ако не го направам?)
  3. Што нема да се случи ако ова се случи? (Која штета би можела да се случи ако не го направам тоа?)
  4. Што нема да се случи ако ова не се случи? (Која штета може да се случи ако не го направам тоа?)

Зошто е ефикасна оваа метода?

Кога ќе се најдете во ситуација која од вас бара да донесете тешка одлука, најчесто се прашувате што ќе биде ако ова се случи?

Меѓутоа, со овој пристап можете да го процените проблемот од 4 различни страни, па така најлесно може да дојдете до најрационалниот одговор.

Затоа, земете лист и хартија и на него напишете ги сите четири одговори. Споредете ги и одберете ја онаа која се чини најразумна и најдобра за вас.

 

Shpërndaj me

Loading...