Многу жени првите знаци на стареење ги гледаат околу очите, во форма на први брчки. Ситните брчки најчесто се појавуваат околу очите затоа што таму кожата е најтенка и најчувствителна, па брзо ја губи еластичноста, а секојдневното отстранување на шминката од очите со триење само придонесува за тоа што побрзо да се појават новите линии. Но, може да направите неколку чекори за да го одложите нивното појавување и добро е да знаете неколку техники за шминкање кои ситните брчки ќе ги направат речиси невидливи за туѓите очи.

Најнапред, запомнете дека негата е важна. Редовно нанесувајте хидратантен крем за околу очи, пијте доволно вода во текот на денот, хранете се здраво, откажете се од алкохолот и цигарите, спијте најмалку седум часа во текот на ноќта, носете очила за сонце дури и кога надвор е облачно…

Нормално дека колку и да внимавате, кога-тогаш ситните брчки ќе се појават. Но, споменавме дека има начин како да ги сокриете.

Никогаш не нанесувајте течни пудри на местото каде што имате брчки. Наместо течна пудра, нанесете коректор, бидејќи тој полесно ќе влезе во наборите на кожата и ќе ги маскира. Над јагодичните коски нанесете малку хајлајтер или илуминатор кој ќе ви даде младешки изглед. Пред нанесување на каква било шминка, задолжително употребувајте подлога за шминка. Немојте премногу да ги потенцирате очите со сенки доколку сакате да ги сокриете брчките. Наместо тоа, нагласете ги усните.

 

Shpërndaj me

Loading...