Ова е еден од класичните кинески рецепти за зачинето поховано пилешко месо со цитрусен слатко-кисело-лут сос.

Подготовка:

Чекор 1: Пилешкиот стек исецкајте го на парченца. Во сад промешајте ги јајцето, белиот бибер и солта додека да се соединат. Додадете го стекот и мешајте да се покрие убаво.

Чекор 2: На рингла ставете ја длабоката тава со рачки и додадете масло. Во друг сад ставете го густинот и брашното и убаво измешајте. Додадете го месото. Месото испржете го и тргнете го на страна.

Чекор 3: Исецкајте го лукчето, ѓумбирот и изрендајте ја кората од лимон. Тавата ставете ја на оган со лажица масло и додадете ги сецканите лукче, ѓумбир, буковец и бело вино. Потоа додадете го соја сосот, оцетот, водата, шеќерот и на крај кората од лимон. На крај додадете го месото, промешајте и додадете лажица густин.

Чекор 4: Сервирајте со младо лукче или кромитче.

На здравје !

Shpërndaj me

Loading...