Двајца играчи на Бенфика се хоспитаализирани, откако автобусот на португалскиот тим беше каменуван од лути навивачи. Според „А Бола“, хоспитализирани се Јулиан Веигл и Андрија Живковиќ, додека инцидентот се случил по првиот натпревар на Бенфика, каде беше нерешено 0:0 со екипата на Тондела. Медиумите во Португалија пренесуваат дека фудбалерите биле повредени од парчиња скршени стакла, откако навивачите го каменувале автобусот. Инаку, Бенфика е во трка за шампионската титула во Португалија, каде го дели првото место со Порто, со по 60 бода.

Shpërndaj me

Loading...