fbpx

Јове Кекеновски  кој беше кандидат за пратеник од коалицијата заедно со Бачев од Единствена Македонија поднесе кривични пријави против сите членови на Државната изборна комисија. Тој вели дека  на гласачкото ливче  ја немало Коалицијата „Никогаш Северна – само Македонија“, туку партијата Единствена Македонија, иако на ждрепката била прифатена коалицијата под реден број 11. Кекекновски смета дека на овој начин, граѓаните биле доведени во заблуда од страна на ДИК.

„Ако членот 60, став 6, важи за сите субјекти во политичкиот процес, тогаш се прашуваме како Коалицијата „Можеме“ којашто е пријавена под тоа име, а од субјект СДСМ и неговите коалициони партнери, настапува под име Коалиција „Можеме“…, рече Кекеновски.

На седницата во ДИК на Јанко Бачев од Единствена Македонија му појаснија зошто на гласачкото ливче се впишани како партија, а не коалиција.

„Називот на листата се означува според името на подносителот на листата. Така што, вие во делот на име на подносител на листа имате ставено Единствена Македонија. Ние не можеме да ставиме на ливчето различен назив од начин на којшто ни дозволува законот“, рече Елизабета Постоловска, член на ДИК.

Кривичните пријави се за повреда и злоупотреба на избирачкото право, слободата на определување и измама.

Игор Стефановски

 

Shpërndaj me

Loading...