fbpx

Тимот кинески научници забележал необични детали на  фотографии испратени од роверот „Иуту-2“, кој се наоѓа во истражувачка мисија на темната страна на Месечината, пренесуваат британските медиуми.

Како што се наведува во текстот, станува збор за фотографија од кратер што е делумно исполнет со засега необјаснета супстанција, за која се знае дека е сосема поразлична од сѐ што е досега регистрирано на јужниот месечев пол. Материјата има различна боја и различен сјај, а се опишува како маса слична на гел. Нејзината природа засега е мистерија за научниците, а единственото објаснување е дека можеби станува збор за растопено стакло настанато по удар од метеорит.

Сондата „Цеханг-4“ лансирана е на 7 декенври 2018 година, а на јужната хемисфера на Месечината се наоѓа од 3 јануари 2019 година.

Shpërndaj me

Loading...