fbpx

Зоран Милевски – Кичеец нa 12 октомври треба да се појави во затворот Шутка.

Упатниот акт го примил и треба да ги одлежи трите години затвор досудени во случајот “Рекет”.

Засега нема информација дали тој ќе бара одлагање на казната. Кичеец беше осуден во Рекет откако призна вина за изнудата на над еден милион евра од бизнисменот Орце Камчев. Освен него во овој случај осудени се и Бојан Јовановски или Боки 13 на девет години затвор како и поранешната шефица на Специјалното обвинителство, Катица Јанева која доби седум години затвор.

Shpërndaj me

Loading...