fbpx

Учениците ќе започнат нова учебна година, но ќе учат од истите книги со јазични грешки и искривување на историските или географските факти од кои исто така учеле генерациите пред нив. Ветувања дека тие ќе бидат коригирани дадоа многу министри. Истото го стори и пред неколку дена министерката Мила Царовска, која рече дека ќе работат максимално на овој план. Професорот Авзи Мустафа бара книгите во чиј обем има над 30% грешки, да бидат повторно печатени, а не само делумно да се коригираат. Според него, би биле потребни најмалку две години да се отстранат сите грешки во учебниците, доколку Министерството денеска започне да работи во оваа насока.

Авзи Мустафа – професор  „ Дури и ако започнат да ги менуваат текстовите денес и да ги исправат грешките што се чинат големи, пак ќе им треба најмалку две години за да може да се отстранат сите грешки , било да се содржински или  јазични. Мислам дека ова ќе продолжи со генерации сè додека не се сменат наставните програми, со новините од времето, за да ги едуцираме своите деца со научно знаење кое не е навредливо и кое не предизвикува различни емоции.

Министерството за образование пред неколку години  формираше владина комисија за детекција на сите пропусти направени во учебниците. Но, во некои учебници тие останаа непроменети. Од ова Министерство за Алсат М велат дека Педагошката служба спроведува процес за ревизија на учебниците. Во одговорот на Министерството се вели дека е подготвен нов концепт книги и методологија за оценување на книгите и во него се вели дека ниеден учебник не треба да содржи стереотипи за разните социјални групи и не треба да поттикне предрасуди вклучително и родови. СО години во учебниците за основно училиште има содржини кои се навредливи и тенденциозни.

Еви Шкопи

Shpërndaj me

Loading...