Приходите во буџетот поради состојбата со коронавирусот ќе паднат од 20 до 40 отсто, а тоа ќе доведе до дупка во буџетот меѓу 700 милиони евра и 1,3 милијарди евра, соопшти министерката за финансии. Реализацијата на приходите година почнала добро, и била согласно планот вели  Ангеловска. Според министерката најтежок период за економијата ќе биде вториот квартал односно месеците што следат април, мај и јуни,но неизвесно е и за останатите два квартали бидејќи не се знае кога ќе започе закрепнувањето.

„Првото сценарио или поволното сценарио, предвиден е пад од 20 отсто на вкупната приходна страна на консолидиран буџет во однос на планот. Тоа би значело намалување на приходите за околу 700 милиони евра, односно за толку би се зголемил дефицитот и потребите за финансирање. Кај второто сценарио – неповолното, падот на буџетските приходи би изнесувал околу 30 отсто со што потребите би се зголемиле за околу една милијарда евра. И кај третото најнеповолното доколку приходите паднат 40 отсто, дополнителните потреби би биле околу 1,3 милијарди евра“, рече Нина Ангеловска- Министрека за финансии.

Shpërndaj me

Loading...