fbpx

Во Македонија во последнава декада има намалувања на смртноста од кардиоваскуларни заболувања. Ова го истакнаа од Институтот за јавно здравје на денешниот Светски ден на срцето. Според лекарите, тоа е резултат на зголемените мерки за превенција од овие заболувања.

„За да се има добро и зачувано здравје секој граѓанин треба да внимава на стилот на живот, почнувајќи од исхраната, движењето, физичката активност и да не се пуши“, изјави Шабан Мемети, Директор на ИЈЗ.

Пораката која се испрати од манифестацијата во Градскиот парк во Скопје е дека последиците од Ковид-19 со потешка форма се манифестираат кај лицата со некоја придружна болест, пред сè со срцеви проблеми.

Според Димитар Митев од невладината организација „Здрава иднина“, денешното одбележување на Светскиот ден е во специфични услови, порачувајќи им на граѓаните да ги почитуваат препораките на здравствените власти.

„Здружението здрава иднина ги следи препораките на Светската здравствена организација посебно на Министерството за здравство и во целост ги спроведуваме“, рече Димитар Митев – здружение „Здрава иднина“.
Од здружението „Храбро срце“ се осврнаа и на враќањето на работа на хронично болните и лицата со кардиоваскуларни болести.

„До нас како здружение не е стигнато порака или поплака. Знаеме дека има хронични болни кои треба да останат дома, но има и хронични болни кои повторно треба да се појават на работното место и не се во таа голема тежина“, изјави Драган Тодоровски – Претседател на здружение храбро срце.
Во организација на Институтот за јавно здравје, во градскиот парк граѓаните добија бесплатни превентивни прегледи како мерење на крвен притисок, шеќер и холестерол на крвта и телесна тежина.

Алсат

Shpërndaj me

Loading...