fbpx

Во последните 24 часа регистрирани се 141 нови случаи на Ковид 19, од вкупно извршени 1.885 тестови. Едно лице почина. Од новите случаи најголем број заразени се во Скопје 39, Штип 23, Кичево 18, Гостивар 13 и Куманово 10. Здравствените власти известуваат дека оздравеле 161 пациенти. Властите објавија дека се разгледува можноста да се бара негативен ПЦР тест за лицата кои транзитираат низ Македонија. Ваквата одлука ќе биде разгледана откако вчера 24 лица со Ковид 19 од скопскиот аеродром полетаа и стигнаа во Финска. Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека ниту едно од лицата кои престојувале во нашата земја со двојно државјанство, македонско и финско, не се наоѓаат на списокот за изолација на Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Според податоците на Министерството за здравство, од 157 лица кои синоќа патувале во Финска, само двајца биле со македонски пасош, најголем број патници, односно 95 биле со косовски пасоши, 60 со фински пасоши, додека имало и со пасоши на Бугарија, Естонија и Шведска. Сепак, овој случај ги принуди финските власти да ги променат своите политики за заштита од „Ковид 19“. Затоа, тие одлучија дека во иднина никој не може да влезе во оваа земја без негативен ПЦР тест и задолжителен дводневен карантин.

ВО ПОСЛЕДНИТЕ 24 ЧАСА:

141 НОВИ СЛУЧАИ

1.885 ТЕСТОВИ

ЕДНО ЛИЦЕ ПОЧИНА

НАЈМНОГУ НОВИ СЛУЧАИ:

СКОПЈЕ              39

ШТИП                 23

КИЧЕВО             18

ГОСТИВАР        13

КУМАНОВО      10

ОЗДРАВЕНИ СЕ 161 ПАЦИЕНТИ

 

Mefail Ismaili

Shpërndaj me

Loading...