Ако забележите дека веќе го плаќате данокот на пренапорното работење (анксиозност, депресија, несоница, умор…), постојат методи кои можете да ги испробате. Ако, пак, мислите дека работата нема да ви наштети, а слушате приговори од блиските дека премногу работите, можете да направите извесни промени кај себе, барем за почеток.

Издвојте еден ден во седмицата кога ќе ги исклучите компјутерот и телефонот. Истражувањата покажуваат дека и проверувањето е-пошта може да биде стресно. Самото очекување или порака со неубава содржина знае да ви го упропасти денот. Размислете во петок да си заминете дома порано или да земете слободен ден. Впрочем, сè е прашање на договор со шефот.

Најдете хоби што нема да ве исцрпи туку ќе ви ги наполни батериите. Истото важи за другите активности со кои сакате да се занимавате. Ако можете да заработите од нив, ќе бидете презадоволни. Истражувајте, можеби ќе откриете нешто ново со кое во иднина би се занимавале професионално. Па и да треба да се дошколувате, вреди.

Евалуирајте ја работата на крајот од денот. Бидете сигурни никогаш нема да завршите сè, бидејќи често се преценуваме, а и секогаш не оди како што сме планирале. Затоа не плашете се да си кажете дека утре е нов ден.

Обидете се да најдете рамнотежа меѓу професијата и работите што ги сакате. Доколку сакате да танцувате, запишете се на курс по танц, ако сакате да фотографирате, направете го тоа. Така ќе се наполните со позитивна енергија и ќе бидете попродуктивни.

 

Shpërndaj me

Loading...