Оксфордскиот научник Др. Дејвис Грајмс тврди дека со помош на математичка формула може да потврди дали теориите на завера како слетувањето на Месечината се точни.

Како што вели тој, ова има врска со еден едноставен факт  – дали тајната ќе биде откриена и за колку време, зависи од бројката на луѓе кои знаат за неа. Верува дека неговата формула може да открие колку долго една тајна ќе остане тајна.

Според формулата, ако за тајната знаат 125 луѓе, тогаш може да биде сочувана со векови, но ако за неа знае 2521 човек, тогаш нема да биде тајна повеќе од пет години.

За научниот проект ги зел предвид четирите општо познати наводни завери:

– слетувањето на месечината – 411 вработени во НАСА

– тие кои веруваат во климатските промени – 405 000

– движењето против вакцинација, 22 000, а ако ги вклучи и вработените во Американскиот центар за контрола на болести, тогаш бројот расте на 736 000 и

– верувањето дека е откриен лек за рак, 711 000 луѓе

Резлутатите се следни:

– Три години и девет месеци би била зачувана тајната за климатските промени

– Три години и два месеца би биле потребни да се открие заверата дека американската јавност е излажана за  вакцинацијата, а за три години и три месеци би се дознало дека лек за рак навистина постои.

Студијата на Дејвис Грајмс е објавена на сајтот на непрофитна издавачка организација која објавува научни текстови.

 

Shpërndaj me

Loading...