fbpx

Воопшто не биле консултирани педагошките тела за тоа како да се спроведе наставата за новата учебна година. Нивни идеи и предлози не побарале ниту Комисијата за заразни болести, ниту Министерството за образование. Деканот на Педагошкиот факултет, Емил Сулејмани за Алсат вели дека предлозите или советите на оваа институција би биле повеќе од вредни, бидејќи овој факултет е вклучен во целиот образовен систем и процес, особено кога станува збор за првачињата.

„Министерството за образование и Комисијата за заразни болести барем требаше да се консултираат со нас, да дадеме свои мислења, предлози во однос на подобрување на соодветниот модул за оптимално решение за нашите деца. 1 септември е многу блиску и се плашам дали ќе има време да се направат сите подготовки за успешен почеток на новата учебна година.“

Сулејмани смета дека присуството на учениците во училиштата е неопходно, но секогаш со почитување на здравствените препораки. Како што вели, најприфатлив модел би бил комбинирана настава.

„Претпочитам да прифатам комбиниран систем каде децата ќе бидат дел на училиште, дел дома и така со еден вид ротација на децата за да не бидат исклучени од образовниот систем. Социјалниот, емотивниот и когнитивниот развој, овие квалитети и карактеристики што ги нуди образованието и образовниот систем и образовните институции, тоа никогаш домот на може да му го понуди на едно дете.“

Сулејмани вели дека за последиците од учењето онлајн кај децата во текот на изминатите месеци нема потреба да се анализира затоа што тие се видливи и дефинитивно негативни, како од социјален, така и од комуникативен аспект.

Мелихат Рустеми Алсат

Shpërndaj me

Loading...