fbpx

Комисијата за заразни болести денеска не донесе одлука за конечниот модел на спроведување на наставниот процес. Како што соопшти Министерството за здравство, се дискутирало за здравствените протоколи за реализација на наставата и можноста за започнување на учебната година од 1 септември, но бидејќи се бара најдоброто и најбезбедно решение за учениците и сите вработени во образованието, не е донесена никаква одлука. Комисијата утре повторно ќе разговара за истите протоколи заедно со претставници на Министерството за образование.

Според информациите на Алсат, нема да има ист модел за сите училишта и ќе зависи од бројот на ученици. Истите извори велат дека се дискутирало дека училиштата со помал број ученици треба да го спроведуваат наставниот процес на редовен начин, како што беше пред затворањето на училиштата поради пандемијата со „Ковид 19.“ и часовите ќе траат од 40 до 45 минути. Во пренатрупаните училишта со ученици, се дискутира дека наставата ќе се одвива во комбинација, дел од учениците ќе одат на настава во училиште, а остатокот преку Интернет од дома. Дури и онлајн настава се предвидува да има цел час. Пред неколку дена, министерот за образование Арбер Адеми рече дека новата учебна година се очекува да започне на 1 септември со физичко присуство на учениците, додавајќи дека има доволно време училиштата да се прилагодат на протоколите за заштита од вирусот. Предлозите на Министерството за образование веќе се дискутирани во Кризниот штаб, каде преовладува ставот новата учебна година да започне со физичко присуство.

Melihate Rustemi

Shpërndaj me

Loading...