fbpx

Учениците од прво заклучно со трето одделение ќе ја започнат новата учебна година со физичко присуство. Останатиот дел од основното и средно образование ќе ја следат наставата од далечина или онлајн. Ова го предложи Комисијата за заразни болести на средбата со претставниците на Министерството за образование. Истото го потврдија министерите за здравство и з аобразование во заминување, Венко Филипче и Арбер Адеми, додавајќи дека предлогот на Комисијата ќе се дискутира на владина седница и потоа ќе се донесе конечната одлука.

Според информациите што ги обезбеди Алсат, предлогот на Комисијата за заразни болести за онлајн настава нема да ги вклучи сите општини и училишта. Оваа Комисија предлага училиштата во општините каде има мал број на запишани ученици и мал број на паралелки, наставата да се организира и реализира во класична форма, со физичко присуство во училница, само доколку епидемиолошката состојба на општината го дозволува тон. Ден претходно, министерот за образование, Арбер Адеми изјави дека не се исклучува можноста новата учебна година 2020-21 да се одложи. Според Адеми, било каква одлука што ќе биде донесена треба да се направат законски измени. Адеми рече дека неговиот личен став е училиштата да се отворат и да функционираат во зависност од епидемиолошката состојба. Кога станува збор за градинките, од Комисијата за заразни болести информираа дека ќе се расправа следната недела.

Melihate Rustemi

Shpërndaj me

Loading...