fbpx

Комисијата за заразни болести е задолжена да изработи протокол за организација на државните настани во земјава во време на пандемија. Вакво задолжение Владата денеска на седница му дала на Министерството за здравство.

Владината прес-служба попладнево соопшти дека за време на претстојниот празник Илинден во Крушево ќе оди делегација предводена од претседателот на Собранието, на прославата во Скопје ќе присуствува делегација предводена од премиерот, а во Пелинце делегацијата ќе ја предводи претседателот на државата. Утврдена е и владината делегација која ќе присуствува во Смилево.

Организациониот одбор за прославата за Илинден ќе го предводи премиерот, а во одборот ќе бидат вклучени претставници од Канцеларијата на претседателот на Владата и претставници од Секторот за односи со јавност на Владата.

Shpërndaj me

Loading...