Комисијата за заразни болести ќе предложи враќање на полицискиот час од четврток во 21:00 часот до понеделник во 05:00 часот.

Движењето ќе биде забрането на целата територија на градот Скопје, со сите општини, како и во градовите Тетово, Куманово со Липково и Штип.

Со ваква одлука, наведените градови практично ќе бидат потполно затворени во наведениот период.

За другите градови, се предлага воведување на полициски час од 16:00 до 5:00 часот следниот ден.

Предлогот мора да биде усвоен на следниот состанок на Владата.

Инаку, според обработените податоци од 974 тестирања, последниве 24 часа во земјава има 101 новозаболени од Ковид-19.

Распоредено по градови:

Скопје – 59
Куманово – 12
Штип – 7
Струга – 6
Тетово – 5
Гостивар – 3
Кочани – 3
Демир Хисар – 2
Прилеп – 1
Велес – 1
Охрид – 1
Кавадарци – 1

Ако овие бројки се потврдат како конечни за денеска, вкупниот број позитивни тестови во земјава ќе достигне 2.492.

Истовремено, во последниве 24 часа излекувани се 10 пациенти, а починале 4.

Скопје – 1
Куманово – 1
Тетово – 1
Прилеп – 1

 

Shpërndaj me

Loading...