Граѓаните ќе бидат безбедни во угостителските објекти кои се подготвени да ги пречекаат, вели Мартин Ангеловски потпретседател на Туристичко угостителската комора при ССК, кој денеска го претстави сетот на мерки за реализација на кампања чија цел е поддршка за секторот, да се постават нови стандарди за работа, за долгорочно да се придонесе за подобрување и унапредување на состојбата во угостителството.

Ангеловски истакна дека членовите на Комората ја следат работата на Комисијата  за заразни болести при МЗ, ги почитуваат стручните препораки кои ги дава комисијата насочени кон заштита  на здравјето на сите граѓани и оти во таа насока сакаат да делуваат превентивно и  да покажат дека граѓаните  ќе бидат безбедни во нивните објекти, бидејќи ќе се обезбеди контролирана средина каде ќе се делува на социјализација со соодветна дистанца и примена на највисоки стандарди на хигиена

– Сакаме да апелираме до сите посетители  од моментот на релаксирање на  рестриктивните мерки  да се однесуваат одговорно заштитувајќи се себе и другите, да се придржуваат кон правилата кои ги  диктира состојбата за да не се доведе никој во дополнителен ризик. Имајќи го предвид сето ова се надеваме  на што поскоро отворање на секторот  од кој зависи добар дел на економијата и постепено ќе се навикнуваме на новиот начин на живот, рече Ангеловски.

 

Shpërndaj me

Loading...