Бројот на активни случаи на ниво на општините во Град Скопје е 210. Иако состојбата беше најтешка во општина Аеродром која имаше 102 случаи од почетокот на пандемијата, податоците до кои дојде Алсат покажуваат дека во оваа општина денес има само 24 активни случаи. Но, ситуацијата сега останува алармантна во Чаир, Гази Баба и Сарај.

Во општина Чаир има 51 активен случај од вкупно 82 кои досега биле излечени. Гази Баба е на второ место со 38 активни и 91 излекуван случај, додека во Сарај иако имаше најмалку заразени во однос на двете гореспоменати општини, 34 случаи се сè уште активни. Досега таму се оздравени 45 пациенти. Само денес оваа општина регистрираше 6 излечени.

Општина Центар исто така бележи голем пораст на бројот на оздравени, 92 лица, а има само 8 активни случаи.

Бутел останува во жолта фаза, општина во која 41 пациент оздравеле, додека активни се 21 случај, од кои шест се потврдени денеска.

Во Илинден, Карпош, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Шуто Оризара и Студеничани кои имаа по 75, 54, 30 или над 20 заразени, најновите податоци покажуваат дека во нив бројот на болни е под 10.

Во Петровец има само еден активен случај и 4 излечени. Во Сопиште, сите пациенти веќе оздравеле.

 

Општина Активни случаи Излечени
ЧАИР 51 82
ГАЗИ БАБА 38 93
САРАЈ 34 45
АЕРОДРОМ 24 102
БУТЕЛ 21 41
ЦЕНТАР 8 92
ИЛИНДЕН 7 28
КАРПОШ 8 72
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 7 55
КИСЕЛА ВОДА 5 75
ШУТКА 2 23
СТУДЕНИЧАНИ 2 5
ПЕТРОВЕЦ 1 4
СОПИШТЕ 0 9

 

Што се однесува до Тетово и регионот како жариште со повеќе случаи, во моментов има 73 активни случаи. Во Тетово 44 пациенти се оздравени, а 38 се сè уште болни.

Во Боговиње има 13 активни случаи, 27 се излекувани. Теарце исто така има 13 активни случаи и само 6 оздравени, додека во Брвеница има 7 случаи. Во Желино и Јегуновце има по еден болен.

Општина Активни случаи Излечени
БОГОВИЊЕ 13 27
БРВЕНИЦА 7 8
ЖЕЛИНО 1 4
ЈЕГУНОВЦЕ 1 4
ТЕАРЦЕ 13 6
ТЕТОВО 38 44

Од почетокот на пандемијата, во Скопје се регистрирани вкупно 723 случаи со Ковид-19, а во Тетово и регионот 181.

Adrian Kerimi

Shpërndaj me

Loading...