fbpx

Коронавирусот не поштедува никого. Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека возраста на заразените пациенти со Ковид-19 варира од 0 до 97 години. Според статиската што се води од извбувнувањето на пандемијата па се до крајот на јули, просечната возраст на заразените е 44,6 години.

„Поголемиот број на пациенти се над 60 годишна возраст – 2,248 (или 22.0%) 586.5 / 100,000. Највисока инциденца од 714.6 на 100,000 е регистрирана кај воразрасната група 50-59 години (или со 1,987 заразаени). Најниска инциденца од 173.4 и 175.4 за 100,000 жители е регистрирана кај децата на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 397, односно 439 случаи”, велат од Министерство за здравство.

Претседталот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџоски вели дека вирусот е ист и не е променет од пред 3до 4 месеци но сепак во псоелдно време се зголемува бројот на малди заразени со тешка клиничка слика. Караџоски нагласува дека вирусот не бира дали некој е над 60 или под 30 годишна вораст, и ги повикува младите да се прдиржуваат кон здравствените препораки.

До крајот на јули во земјата се реализирани над 100 илјади тестови, од кои се диагностицирани над 10,5% позитивни тестови со Ковид-19 во нашата земја.

Аднан Ќаили

Shpërndaj me

Loading...