Старата скопска чаршија никој не ја памети вака празна. Денеска е сабота која поминува без граѓани кои би излегле да купат нешто од дуќаните, туристи кои би шетале и набавиле сувенири. Го нема ниту познатиот мирис кој излегува од оџаците на кебапчилниците, и останатите кафеани низ чаршијата. Како не води патот низ сокаците така здогледуваме се повеќе дуќани кои се издаваат или се затворени поради ситуацијата со корона вирусот.

Овој уличен артист пред речиси една година можеше да се пофали дека во Старата скопска чаршија му свиреше на светската музичка ѕвезда Лени Кравиц, денес тој свири само на неколкумина случајни минувачи.

Повеќе од 100 години фамилијата на Незири работи во овој дуќан за бојадисување на облека и останати материјали. Ова беше еден од ретките дуќани кои ги видовме отворени во чаршијата. Доколку работите не се променат не знаат како понатаму.

Нема ни туристи ни странци ниту наши, муштерии нема, ништо не мрда во моментов. Од како се појави овој корона вирус ниту еден муштерија нема влезено во дуќанот – рече Екрем Незири, занаетчија.

Занаетчиството не само тука во чаршијата туку и насекаде низ Македонија се семејни бизниси. Најголемиот дел од шапкарите, чевларите, златарите, берберите, пекарите, слаткарите, браварите и останатите занаетчии решија превентивно да се заштита и да останат дома бидејќи ризикот од пренесување на вирусот е голем.

„Празни сокаци и затворени дуќани. Ова е сликата која ја начекавме во Старата скопска чаршија. Дури 90 отсто од дуќаните денеска се под клуч. Занаетчиите со кои поразговаравме и чии дуќани беа отворени велат дека се тука само да не седат дома, дуќанот да не биде затворен“.

Од Комората на занаетчии веќе дека прават пресметки на штетите. Од таму бараат Владата сите мерки кои ќе се донесат за бизнисот да важат и за занаетчиите.

Основно што бараме за занаетчиите да се субвенционираат плати и придонеси и да влезат во мерката субвенционирање на плата со тоа што тука едноставно бараме да влезат занаетчиите – работодавачи затоа што тие во нормални услови се ослободени од исплата на плата туку само придонеси за задолжителна исплата на социјално и здравствено осигурување – изјави Анета Атанасовска извршен директор на Комора на занаетчии.

Низ целата држава има околу шест илјади регистрирани занаетчии кои дополнително вработуваат речиси три и пол илјади граѓани.

Иле Петревски

Shpërndaj me

Loading...