И по речиси два месеци од појавата на смртоносниот корона вирус, на aеродромот во Охрид каде исклучиво доаѓаат странски туристи сè уште не е поставена термална камера за следење на температурата на патниците. Иако бројот на летови и патници е во постојан пораст, а со доаѓањето на туристичката сезона тој број драстично ќе биде поголем, во терминалната зграда сè уште нема превентивни мерки. Ќе се чекало за сомнителни случаи да алармираат странски авио-компании.

„Имаме договор со сите авио компании да ни јават однапред доколку има патници кои можат да се во ризик, во смисла да патувале или биле некаде во близина на градот Вухан во Кина, да нè обавестат пред доаѓањето…“, рече Венко Филипче-министер за здравство.

За сомнителните случаи лекарите ќе мора да користат обичен термометар.

„Термална камера очекуваат во најкраток рок да биде пристигната и доставена на охридскиот аеродром. Сега моментално се мери со топломери…“, рече Јованка Коровешоска-епидемиолог-Центар за јавно здравје, Охрид.

Од мерките кои државата ги спроведува на аеродромот се и делењето флаери за корона вирусот на кои има телефонски броеви на кои патниците би можеле да се обратат за помош и информации. Од Хотелската асоцијација на Македонија веќе побараа истите мерки кои се спроведуваат на аеродромот во Скопје, да се применуваат и во Охрид.

Мики Трајковски

Shpërndaj me

Loading...