Пандемијата Ковид 19 ни откри многу лекции за заштита на животната средина, особено за загадувањето на воздухот. Професорот Асан Идризи потенцира дека состојбата со пандемијата докажала дека надлежните треба да го контролираат поставувањето на филтри во фабриките и употребата на горива како нафта, јаглен, мазут, но секако и отпадот.

„Ова покажува дека органите треба да бидат внимателни во овие активности, да преземат мерки за почитување на еколошките стандарди. // Во многу градови како што се Скопје, Тетово, Битола каде има многу голема густина на луѓе, има многу големо движење на сообраќајот и индустријата. Исто така, треба да се преземат мерки за регулирање на сообраќајот, бидејќи сообраќајот после индустријата е најголем загадувач на животната средина“, изјави Асан Идризи, професор.

Дури и од Министерството за екологија велат дека пандемијата донела многу лекции против загадувањето на воздухот. Заменик министерот Јани Макрадули вели дека серија мерки преземени за борба против пандемијата можат да продолжат со спроведување во иднина.

Макрадули додаде дека меѓу- владината група, покрај горенаведените мерки, и предложила на Владата да ги намали царинските давачи за електричните велосипеди или да ги субвенционира, за да се стимулира возењето на велосипедите. Тој додаде дека нема потреба за викенди без возила бидејќи анализата докажува дека најголемото загадување на воздухот се врши во работните денови, бидејќи за време на викендите жителите ги напуштаат големите градови.

Мефаил Исмаили

Shpërndaj me

Loading...