fbpx

Битката со Ковид 19 ја загуби првиот здравствен работник. Станува збор за фармацевт од Струга. Во последните 24 часа се евидент

Битката со корона вирусот вчера ја загубија уште три лица. Двајца пациенти од Тетово, 74 годишен маж хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести од 21 мај и 57 годишник во болницата „8 Септември“ донесен на 23 – ти мај. Третиот пациент е 53 годишен маж од Скопје, кај кого бил пронајден Кoвид 19 после неговата смрт. Од 560 тестови извршени во последните 24 часа, регистрирани се 38 нови случаи. Од нив, 24 случаи се во Скопје, четири во Штип и во Куманово, три во Тетово, два во Неготино и еден во Битола.

 „Најголем број од случаите се во Сарај или 7, Бутел 4, Чаир и Арачиново по 3, Студеничани и Шуто Оризари по 2, додека во Гази Баба, Кисела Вода и Карпош по еден случај“.

Фармацевтската комора објави дека првиот здравствен работник починал од корона вирус.

 „Со жалење соопштуваме дека вчера починал фармацевтот Петар Мојсоски од струшкото село Подгорци. Го повикуваме Министерството за здравство да ги засили мерките во аптеките со цел да се спречи ширењето на корона вирусот“.

Податоците од Институтот за јавно здравје покажуваат дека вчера се излечиле 16 пациенти. Нема заразени меѓу 168 тестирани од скринингот во домовите за јавно здравје во Скопје и Куманово. Вкупниот број на заболени достигна на 2.077, додека бројот на излечени е 1.486 година. Бројот на жртви е 122 лица, а 469 се водат како активни случаи.

Adna Qaili

Shpërndaj me

Loading...