Од 885 извршени тестови во последните 24 часа, 76 лица се заразени со корона вирусот. 52 од новите случаи се регистрирани во Скопје, претежно во Чаир и Студеничани, додека 14 во Тетово. Загрижувачка состојба е и во Штип, каде во наредните денови ќе бидат тестирани 600 лица вработени во фабриките.

Дали ќе бидат вратени рестриктивните мерки во земјата и дали истите ќе бидат во сила на локално или државно ниво, ќе се знае најдоцна до петок.

Вкупно, бројот на луѓе кај кого е дијагностициран „Ковид 19“ е 2.391 лица, од кои 1.595 се опоравиле, а 141 ја изгубиле битката со корона вирусот.

Evi Shkopi

Shpërndaj me

Loading...