Над 30 илјади граѓани од земјава кои се во редовен работен однос сè уште не земале плата за месец април. Дополнителната заменик-министерка за финансии, која доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ, тврди дека толку лица не зеле плата во четвртиот месец од годинава во однос на податоците со јануари 2020-та.

„Точната бројка е 30.456 илјади граѓани во однос на јануари. Или се избркани од работа, тоа власта ќе чекам да ни одговори во периодот што следи и да каже зошто толку луѓе немаат земено плата“, рече Гордана Димитриевска-Кочоска Дополнителна заменик-министерка за финансии.

Во отсуство на став од Инспекторатот за труд, на денешната прес-конференција на Инспекцискиот совет, претседателката Магдалена Филиповска-Грашкоска вели дека засега не ги добила тие информации. Директорот пак, на Трудовата инспекција не одговори на повиците на Алсат.

„Јас немам таква информација досега. Ќе ве замолам да ја провериме, па дополнително да ве известиме“, рече Магдалена Филиповска-Грашкоска Претседателка на Инспекциски совет.

Од Организацијата на работодавачи велат дека се сигурни оти станува збор за компании кои се во „кома“. Тие фирми немаат никаков приход на нивните сметки, а во моментов извршувањето против нив е стопирано, вели за Алсат, претседателот на Организацијата, Ангел Димитров. Добар дел од овие компании, тој е сигурен дека ќе паднат во стечај или ќе одат во ликвидација.

Иле Петревски

 

Shpërndaj me

Loading...