Ветерани на поранешната Ослободителна војска на Косово протестираа во сите градови во Косово за да се спротивстават на покренатите обвиненија за воени злосторства против претседателот Хашим Тачи и лидерот на Демократската партија, Кадри Весели. Обвиненијата ги поднесе Специјалното обвинителство со седиште во Хаг. Претседателот на воените ветерани Хисни Гуцати оцени дека обвинувањата се направени со помош на Србија и оти судот треба да биде распуштен.

„Вие кои дојдовте тука, ризикувајќи го вашиот живот, да се спротивставите на голема неправда што ѝ се прави на ОВК… Се собравме да се спротивставиме на неправедните обвинувања против ОВК кои доаѓаат веќе веќе 20 години …. Дејството на обвинителот е неправедно, овој суд е неприфатлив и пристрасен и сомнителен“, рече Хисни Гуцати, Претседател на ОВВ ОВК.

Shpërndaj me

Loading...