Косовската влада го одобри враќањето на превентивните мерки против Ковид-19. Од 22 часот вечерва делумно се ограничува слободното движење на граѓаните во Приштина, Призрен, Урошевац и Вучитрн. Се забранува служење во затворените делови на угостителските објекти од 21 до 05 часот, а меѓуградскиот сообраќај ќе работи со половичен капацитет. Неодамнешните истражувања покажаа дека најмалку 30 проценти од населението во Косово не верува дека постои Ковид-19, па затоа ќе се работи и на едукација на граѓаните.

Shpërndaj me

Loading...