fbpx

Хари Костов, Слободан Богоевски, Звонко Давидовиќ се дел од прислушуваните во „Таргет – Тврдина“, кои во судница како сведоци денеска раскажуваа како се посомневале дека нелегално биле следени.

Извршниот директор на Комерцијална банка и поранешен премиер, Хари Костов  официјално дознал дека бил прислушуван во СЈО. Оштета ќе бара лично од оној за кого судот ќе утврди дека ја дал наредбата да се прислушува нелегално а парите ќе ги донира во добротворни цели.

„Јас не зборував за штети на банката, туку за штети на клиенти на банката кои што кога учествуваат на лицитација, тој што ги прислушкува може да знае за која гаранција за кој износ на гаранција се работи и да дадат по конкурентска понуда и така да добијат работа за мала разлика во цената“, рече Костов.

Екс разузнавачот Слободан Богоевски рече дека ќе бара еден милион евра штета, зошто бил таргет на нелегално прислушување со години. Разбрал дека го следат од колеги од УБК.

„Вработени од УБК ми кажаа, бидејќи знаете дека јас целиот живот работев таму. На крај материјалните докази што сега ги обезбедив се од истите вработени во УБК“, рече Богоевски.

Адвокатот Звонко Давидовиќ се посомневал дека е прислушуван кога тој и негови пријатели биле снимани со камера од непознато лице. Официјално добил известување од обвинител.

„Во 2009 – та или 2010 – та година дознав од обвинителката Лиле Стефанова при отпочнување на пред истрагата за предметот „Ликвидација“ и ми кажа не можам да бидам бранител во тој предмет, туку ќе бидам нивни сведок бидејќи и за мене имало снимки, транскрипти“, рече адвокатот Давидовиќ.

Во „Таргет – Тврдина“ највисоката побарана оштета беше 3 милиони евра. Сведочеше и поранешниот директор на УБК, Љупчо Андоновски. Обвинети за децениското нелегално прислушување се Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска која беше донесена од Идризово како и бегалецот Горан Грујевски и уште неколку лица од УБК. Денеска како оштетен во „Таргет – Тврдина“ се пријави Миле Јанакиески кој преку адвокатите посочи дека претрпел емотивно страдање од следењето.

Бојан Стојановски

Shpërndaj me

Loading...