Од вкупно 974 тестови за Ковид-19 извршени во последните 24 часа, 101 резултирале позитивни. Повеќе од половината или 59 се регистрирани во Скопје, 12 во Куманово и околината. Со ова Македонија се враќа на почетокот на април кога беше забележан првиот поголем бран со заболени од почетокот на пандемијата. Процентот на заболени денеска е 11,74% од тестираните.

Министерството за здравство, исто така, информираше за 4 починати на возраст од 58 до 84 години. Од почетокот на пандемијата, починаа 145 граѓани, оздравеа 1.605, а 742 случаи остануваат активни. Скопје, Тетово, Куманово и Штип се градовите со најголем број активни случаи.

Во меѓувреме, Светската здравствена организација ги категоризираше градовите со најголем ризик од коронавирусот во земјава. Тоа се Скопје, кој е во четвртата фаза, што значи распространето нелокализирано ширење. Во иста фаза е и Тетово, но според наодите, ширењето таму е локализирано. Во Штип ширењето е во критична фаза, но е под контрола и е локализирано. Во последните 24 часа, 392 лица добија решенија за изолација, а 150 потпишаа изјави за самоизолација.

Evi Shkopi

 

 

Shpërndaj me

Loading...