fbpx

29-годишниот Б.С, кој минатата ноќ од болницата „8 Септември“ се обиде  насилно да го преземе  безживотното тело на својата мајка, која ја загуби битката со коронавирусот, ќе биде однесен во државен карантин и строга изолација. Од МВР велат дека против лицето ќе биде поднесена кривична пријава, бидејќи иако знаел дека е заразен со коронавирус, ја прекршил мерката за изолација и упаднал во болницата.

„Лицето Б.С. (29) беше спроведен  во полициската станица Гази Баба. Не ја почитувал мерката изолација и е позитивен на Ковид 19“, наведуваат од МВР.

Покрај лицето со иницијалите Б.С, во синоќешниот инцидент биле вклучени и 5 други лица, кои се заканувале на медицинскиот персонал.

Починатата била 5 дена на респиратор. Според протоколите, луѓето кои ќе починат од коронавирус за погреб ги подготвува специјален тим од гробиштата Бутел .

Министерот за здравство остро го осуди инцидентот и го оцени какo чин на крајно непочитување на здравствениот персонал.

Директорот и лекарите во болницата „8 септември“ не сакаа да го коментираат синоќешниот настан.

Еви Шкопи

Shpërndaj me

Loading...