fbpx

Финансиската полиција денес поднесе кривична пријава против 11 лица и 14 правни лица за злоупотреба на 2,4 милиони евра од Фудбалската федерација на Македонија во периодот од 2015-2019 година. Прва осомничена е Олгица Младеновска, која на крајот на минатата година беше отпуштена од работа, по 30 години работа во ФФМ. Според Финансиската полиција, меѓу осомничените е и поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски и уште еден вработен кој посредувал за повлекување пари од сметката на Федерацијата преку Младеновска. Младеновска, според Финансиската полиција, ја оштетила касата на ФФМ за 3 милиони денари.

„Пријавената О.М како шефица на финансискиот сектор и сметководство во периодот од 1 јануари 2016 година до 10 октомври 2019 година, за нејзините лични потреби, храна и облека, потрошила и присвоила средства во вкупен износ од 3.017 928 денари, сума со која е  оштетен ФФМ“

Во меѓувреме, според Финансиската полиција, Илчо Ѓорѓиоски во улога на претседател на ФФМ, во отсуство на надзор и грижа при вршење на својата должност, и овозможил на Младеновска да изврши плаќања од сметката, спротивно на законите и на штета на ФФМ за физички и правни лица.

„Со инкриминирачките делувања, пријавените физички и правни лица, од 1 јануари 2015 година, па се до 10 октомври 2019 година, нелегално присвоиле околу 146 милиони 770 илјади денари, со што ја оштетиле Фудбалската федерација на Македонија “
Во првата реакција на Фудбалската федерација и актуелниот претседател, Муамед Сејдини, се вели дека кршење на законот од било кого и на кој било начин, не само финансиско, секако дека мора да има одговорност и последици.Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, заедно со надлежните институции, ќе продолжат да соработуваат со надлежните институции за расветлување на случајот.

Mahir Thaci

Shpërndaj me

Loading...