Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија која ги застапува правата на вработените во јавниот сектор, денеска предложи сет на мерки и план за излез од кризата. Синдикалците сметаат дека   ситуацијата е екстремно тешка, па затоа  крајна цел на мерките се спасување на работните места на работниците. Од синдикатот се револтирани од како што велат пасивноста на Економско социјалниот совет.

Ова се барањата на КСС.

„ Банките итно да се произнесат за времетраењето на одложување на отплата на ратите од кредитите и да испратат пораки или електронски да ги известат граѓаните. Владата да се произнесе попрецизно и да донесе Уредба за одложувањата на извршните решенија“, велат од КСС.

Нова реакција за исплата на минимална плата во администрацијата денеска испрати и синдикатот УПОЗ, каде пак членуваат вработени од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани. Од овој синдикат сметаат  дека предложените мерки се избрзани, популистички и не одржливи, особено по искажаната проценка дека вкупната заштеда од исплата на минимална плата за два месеци на администрацијата и јавниот сектор е 30 милиони евра.

„Изедначување на платите на функционерите чии месечни примања се над 60.000,00 денари, со платите на вработените кои земаат 17.000,00 денари, не само што не е солидарно туку е и неспоредливо. Повеќе од половина министри, пратеници, директори и членови на управните одбори имаат сопствени бизниси“, наведуваат од УПОЗ.

Двата синдикати се едногласни, владата да не го прифати предлогот на лидерот на Зоран Заев сите вработени под државна капа два месеци да добијат минимална плата. Да нема корекции во платата на административците се на став и од ДУИ, и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Иле Петревски

Shpërndaj me

Loading...