Според весникот од Торино, „Ла Стампа“, Јувентус откако на Интер од рацете им го земаа Дејан Кулушевски, истото ќе го повтори и со албанскиот дефанзивец Мараш Кумбула. Албанскиот дефанзивец од Верона, според медиумите во Италија, постигнал петгодишен договор со „Старата дама“, додека трансферот на Кумбула се проценува дека ќе го чини Јувентус околу 32 милиони евра. Инаку, Мараш Кумбула порасна во младинската екипа на Верона, која му овозможи деби во Серија А.

Shpërndaj me

Loading...