fbpx

Лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти, кој се очекува да биде иден премиер на Косово откако неговата партија победи на парламентарните избори, побара од претседателот на државата Хашим Тачи да не му врши притисок со барањата да го определи мандатарот за формирање на новата влада, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешното писмо до Тачи, Курти наггласува дека „Уставот на Косово не го познава дискреционото право на претседателот, ниту неговата активна улога во процесот на одредување на мандатарот“.

Лидерот на ВВ му порача на Тачи дека „улогата на претседател треба да се гледа единствено во рамките на неговата уставна позиција, а не на неговото субјективно и политичко позиционирање.

– Ние го примивме вашето писмо од 10 јануари 2020. Изразувајќи разбирање за вашата уставна улога, сакам со жалење да констатирам дека вашата порака претставува пристрасна интервенција во формирањето на институциите и заканувачко предупредување, во случајов кон победничкиот субјект, пишува Курти.

Најавувајќи дека ќе го извести за името на мандатарот веднаш штом биде подготвен да ја формира новата влада, Курти го информира Тачи дека неговата партија е блиску до постигнување договор за коалиција со Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК).

Shpërndaj me

Loading...